Кригла Пиво

Првата ТВ реклама на Heineken од 1968 година

Првата ТВ реклама на Heineken од 1968 година

Следната година Хајнекен прославува 140 години од своето постоење на светскиот пиво пазар. За таа цел веќе на големо се спрема прославата во нивната пиварница во Амстердам. Она што сега нè интересира е оваа анимирана реклама, односно две, кои претставуваат првите телевизиски реклами на Хајнекен во Холандија кои се појавиле уште првиот ден во 1968 година откако била укината забраната за ТВ рекламирање.

Рекламите биле дело на холандското студио за анимација „Joop Geesink’s Dollywood“. Освен тоа и музичето во позадина е заразно. Ние уживаме додека ги гледаме:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар