Кригла Пиво

На Пиволенд ќе учествува и првата микро пиварница во Македонија

Од 31 август до 4 септември, Скопското Кале ќе биде епицентар на пивско и музичко уживање во Скопје, а посетителите за прв пат ќе имаат можност да дегустираат пиво од првата македонската микро пиварница „Темов“.

На Пиволенд ќе учествува и првата микро пиварница во Македонија

Под строго контролирани услови, како и франшиза која бара квалитетни состојки за производство, оваа пивара произведува 9 уникатни вкусови. Главни одлики на овие пива се што не содржат никакви хемикалии и адитиви, богати се со витамини и здрави хранливи состојки. За разлика од големите пивари, количеството во микропиварите е со лимитирани количини и го нема во слободна продажба низ маркетите.

Деветте видови на пиво се особено интересни за странците кои доаѓаат во Македонија, кои во својата туристичка агенда секако ја вклучуваат и посетата на микро пиварницата, како нов заштитен знак на Скопје.

Од 31 август до 4 септември, на „Пиволенд“ ќе имаме можност да пробаме од следните пива:
Пилс Чаршиско со златна жолта боја, Гоце Делчев Темен пилс, Скендербег црвен пилс, Калдрма чадено пиво, Индиа Ипа, Рис Лагер, Јаболков Сајдер, Бохемијан Пилс, Данкел Вајзен, Вајзен Бело Пиво. Пивата се поделени на лагер, ејл и пченични пива.

Интересно е што тука се произведува и првиот јачменов сок во Македонија кој се препорачува за зајакнување на имунитет како и при здравствени проблеми. На Кале, професионалците од Пивара „Темов“ ќе ви го објаснат процесoт на правење на пивото и ќе ви ја откријат тајната на совршениот вкус.

Покрај овие нови вкусови за нашето поднебје, на фестивалот сите пивопијци ќе можат да пробаат и пивски коктели, специјално подготвени со пивата „Темов“.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар