Кригла Пиво

Прв фестивал на craft пива во Србија

Regionalni Festival Zanatskog Piva“ е првиот фестивал за craft пива во Србија кој ќе се одржи во Белград од 19-ти до 21-ви јуни во Галерија Штаб.

Прв фестивал на craft пива во Србија

Според организаторите, потребата од ваков фестивал се јавила поради зголеменото пиење на craft пивата во регионот и се поголемиот број на мали пивари кои работат по традиционалната пиварска технологија со користење на најквалитетни состојки. Целта е во овие 3 денови да се претстават најдобрите регионални craft пивари. Дневната влезница за фестивалот е 250 динари, а предвидено е да има и стручни предавања, лотарија, пивски сувенири и концерти.

Некои од излагачите на RFZP кои доаѓаат од Србија, Бугарија, Хрватска и Словенија се: Kabinet Brewery, White Stork 003, Visibaba Pivo, Zmajska Pivovara, Human Fish Brewery, Reservoir Dogs Brewery, Ah!, Pivovarna Pelicon итн. На фестивалот освен пива ќе има и бургери и чипсови.

Доколку планирате да одите до Белград, за сите информации што ви требаат може да го следите и настанот на Facebook: https://www.facebook.com/events/1603863806536142/ 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар