Кригла Пиво

Пронајден е генот на пената во пивото

Добро познато е дека за сите консуматори на пиво, меурестата пена е една од главните карактеристики на добро пиво. Сега, научниците велат дека го пронашле генот во пивскиот квасец, кој го произведува протеинот создавач на пената на пивото.

Шпанските и австралијанските истражувачи го изјавиле следново: „За прв пат е успеано да се клонира генот кој се наоѓа во пивскиот квасец, како и комплетно да се окарактеризира неговата функција“.

Пивска пена

Генот се нарекува CFG1 и истиот го управува производството на протеинот, во ѕидовите на келијата на вообичаениот квасец за подготовка на пиво, Saccharomyces cerevisiae. Протеините кои се ослободуваат при ферментацијата се спротивни на водата, па така се ориентираат кон внатрешноста на меурчињата. Ова им дава површински притисок на меурчињата и помага во отпорноста на истите при процедување на течноста, односно ја прави пената стабилна.

Формирањето на пената во пивото зависи не само од протеини туку и од низа други фактори, вклучувајќи ги металните јони и долгите молекули на јагленихидрати.

Со откривањето на првиот ген во пивскиот квасец, кој е поврзан со производството на пивската пена, науката го направи наредниот чекор на креирање на прецизен молекуларен рецепт за перфектно пиво.

Заклучокот е дека пронаоѓањето на генот кој е одговорен за пената на пивото, се оди напред и се стреми кон подобрување на квалитетот на пената во целата пивска индустрија.

Добра вест за обожавателите на пиво, нели?…чекај, па тоа сме ние 🙂

Извор: Discovery News Daily, фотографија: io9.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар