Кригла Пиво

Произведено најсилното пиво во светот – Armageddon

Шкотската пиварница „Brewmeister Brewery“ го произведе најсилното пиво во светот Armageddon кое содржи дури 65% алкохол. Пиварницата која што е лоцирана во близина на Aberdeen и е водена од John MacKenziе и Lewis Shand, започнала со работа оваа година, додека првите пива се произведени во јуни. Пивото за прв пат ќе биде промовирано на 3-ти ноември на пивскиот фестивал во Inverness каде ќе се продава во мали количини од 35ml за 5 фунти.

Произведено најсилното пиво во светот - Armageddon

Во едно шише Armageddon од 330ml има повеќе алкохол отколку во брендито или вискито. Ќе чини 80 фунти во продавниците, а доколку ја посетите пиварницата ќе можете да го купите по пола цена. Според сопствениците, иако пивото има 65% алкохол тоа задржало доста од вкусовите. Пивото е малку слатко, малку има вкус на хмељот и сладот, а задржало доста и од вкусот на квасецот во процесот на ферментација.

Процесот на производство опфаќа ладење на пивото до 0 степени Целзиусови. Алкохолот на оваа температура не замрзнува за разлика од водата и кога ќе се отстрани мразот што се формира се добива вака силно пиво со висок процент на алкохол. Производителите препорачуваат да се пие во мали количини како жестоките пијалоци и едно шише да се дели со пријателите.

Најсилното пиво во светот - Armageddon

Битката за најсилно пиво во светот започна пред 3 години кога BrewDog го лансираше своето пиво Tactical Nuclear Penguin со 32% алкохол. Потоа германската пиварница Schorschbräu го произведе Schorschbock со 40% алкохол. Овие 2 пиварници се натпреваруваа со уште неколку нивни пива, секое следно со поголем процент на алкохол се додека холандскиот пиво производител Koelschip во 2010 не го претстави пред јавноста Start the Future пивото со 60% алкохол. Аrmageddon е во моментов најсилното пиво во светот и очекува наскоро да го добие своето место во гинисовата книга на рекорди.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар