Кригла Пиво

Комплетирана програмата за Пивофест 2016

Прилеп е подготвен за одржување на 14-тиот фестивал на „Пиво фест 2016“ што ќе се одржи од 14 до 17 јули.

И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот. Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп, посочија на денешната прес конференција водителската екипа Марјана и Жаре.

Четврток 14-ти јули:

  • Crossroad Blues Band
  • Raphael
  • Тропико Бенд
  • Fly Project

Петок 15-ти јули:

  • Samostalni Referenti
  • Каролина Гочева
  • Хари Мата Хари
  • Bang La Decks

Сабота 16-ти јули:

  • Миле Кузмановски
  • Рада Манојловиќ
  • Аца Лукас

Недела 17-ти јули:

  • Александра Радовиќ
  • Дејан Петровиќ Биг Бенд
  • Парни Валјак

Како и во изминатите години така и оваа, сите кои сакаат авантуристички начин на одмор и добра забава ќе може да кампуваат на Могилата на непобедените, со вкусна чорба и утринско кафе и чај. Од Македонски Железници најавија дека сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со бесплатен билет.

Во однос на понудата на пива не се очекуваат поголеми измени спрема претходните години.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар