Кригла Пиво

Повеќе од 300 денари за мало пиво на ОИ 2012 во Лондон

Олимписко пиво

4.20 фунти или околу 325 денари ќе чини мало шише од 0,33л. Хајнекен пиво на спортските арени за време на Олимписките игри во Лондон ова лето. Хајнекен е ексклузивен партнер на меѓународниот олимписки комитет и единствен снабдувач на пиво. Според британските мерни единици, една пинта (568мл.) би чинела 7.23 фунти, додека просечната цена на пинта пиво во В. Британија е 3.17 фунти според Британската асоцијација за пиво и пабови.

Сепак, организаторите на Олимписките игри во Лондон сметаат дека цената на пивото, односно на се што е за јадење и пиење не е висока и таа е пониска во споредба со другите големи спортски настани. Другите ексклузивни спонзори односно снабдувачи на храна и пиење се: Coca-Cola, McDonald’s и Cadbury Nature Valley. McDonald’s ќе има 4 големи ресторани околу спортските олимписки игралишта. Колку за информација, кафето ќе чини 2.60 фунти, чајот 2 фунти, водата 1.80 фунти, а шише кока-кола од 0,5л. 2.30 фунти. Сите посетители ќе можат да си внесат празни шишиња и да си наполнат од бесплатната вода на олимписките терени. Доколку ве интересираат сите цени и потеклото на храната посетете го следниов линк.

Објавено на 02.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар