Кригла Пиво

Потврден вториот Охридски Пивофест

Рибља Чорба на Пивофест во Охрид 2010Низ македонските медиуми претходната недела беше распространето соопштението за одржувањето на Пивофест во Охрид по втор пат:

Герила Маркет во соработка со градот Охрид од 28-ми до 31 jули 2011 г.  на локацијата Билјанини Извори ќе го организира Вториот охридски фестивал на пивото.

Локација се спортските игралишта на Билјанини извори кои со својата инфраструктура се апсолутно најдоброто место за овој настан. Површината е поголема од 8000 квадратни метри, теренот е рамен и избетониран за перфектен комфор и сигурност на посетителите. Локацијата на фестивалот е во самиот град, 15 минути одење пеш од градскиот плоштад. Истата нуди можност за голем број шанкови за пијалоци и голем број штандови за храна. Организаторите се подготвени и очекуваат повеќе од 120 000 посетители во 4-те дена.

Оваа година просторот ќе се зголеми за 30% со цел да има повеќе комфор за многубројната публика која минатата година изнесуваше 90.000 лица и на која беа понудени над 25 видови на пиво од домашни и странски производители. Додека пак за изборот на храна се потрудија голем број на угостители кои понудија различен избор на скара.

На 15 метарска бина бесплатно ќе се оддржи перфектен музички програм на кој се планираат најмалку 30 учесници во музичкиот дел. Конечната листа на артисти кои ќе настапуваат на овој фестивал ќе биде соопштена во текот на месец мај.

Исто така од аспект на богатата програма може да се каже дека до сега учество потврдија поголем дел од македонски производители и ред странски брендови на пиво. Оваа година се очекува и понудата и избор на пивски брендови да биде далеку поголема од минатогодишната. Влезот на оваа манифестација ќе биде бесплатен.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар