Кригла Пиво

Посна пита со пиво и печурки

Поминаа новогодишната руска салата и сарми и сега на ред е посната трпеза за бадниковата вечер. Како одличен додаток на вашата фамилијарна трпеза ја предлагаме оваа посна пита со печурки и компир, која повторно ја сподели @LideMagde заедно со нејзиниот претходен предлог за ликер од пиво.

Посна пита со пиво и печурки

Потребни состојки:

  • 500гр. кори
  • 2 главици кромид
  • 2 компира
  • 80гр. соини снегулки
  • 400-500гр. свежи печурки (шампињони)

За прелив

  • 200мл пиво
  • 50мл масло

За посипување

  • сусам
  • посен кашкавал

Начин на подготовка:

1. Соините снегулку потопете ги во топла вода.
2. Кромидот исечкајте го и пропржете го, додадете ги изренданите компири и динстајте уште малку, а потоа додајте ја сојата и мешате се’ додека смесата не се соедини.
3. Кратко пропржете, па сипете ги ситно исецканите шампињони и динстајте се додека течноста не испари.
4. Во подмачкан плех редете ги корите. На секоја кора ставајте од филот, освен на последната, најгорната.
5. Исечете ја питата на коцки, прелејте ја со мешавината од масло и пиво, па посипете ја со сусам и посен кашкавал.
6. Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, додека да зарумени.

Фотографија: www.theculinarylibrary.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар