Кригла Пиво

Посен колач со пиво

Расположени сте да влезете во кујна и да се пробате во подготовка на еден брз и едноставен за правење посен колач со пиво?

Посен колач со пиво

Состојки:

  • 500 мл. светло пиво
  • 2 чаши шеќер
  • 200 мл. зејтин
  • 2 чаши мелени ореви
  • 3 чаши брашно
  • прашок за пециво
  • домашен џем

Начин на подготовка:

Пивото мешајте го со шеќерот се додека шеќерот не се стопи. Додадете го зејтинот, оревите, брашното и прашокот за пециво. Откако добро ќе се соединат сите состојки, ставете ги во плех и печете ги во рерна на 180 степени.

Кога ќе биде добро испечен, премачкајте го колачот со домашниот џем (вкусот е по избор) и одозгора ставете малку од мелените ореви за декорација 🙂

Пријатен десерт!

 

Извор: Stomakpivski.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар