Кригла Пиво

Poolball – Нов спорт создаден од Budweiser

PoolballПроизводителот на американското пиво Budweiser создаде нова игра со цел да се приближи до своите корисници во Велика Британија. Тие со комбинација на фудбал и билјард, односно комбинација на спортот и ноќниот живот го измислија – „Poolball“. Овај спорт се игра во кафулињата или пабовите на огромна билјард табла налик на фудбалски терен, долга 7 метри со 15 редизајнирани фудбалски топки. Нормално, фрижидер полн со пиво е вклучен во таблата како и голем број на навивачи околу теренот. Правилата се исти како кај билјард, конечната цел е да се внесат сите топки во дупките без употреба на раце.

На ексклузивната презентација на овај спорт учествуваа повеќе од 600 луѓе, а Fox Sports и ESPN вршеа директен пренос. Видеото од настанот за брзо време го доживеа виралниот ефект, што и беше крајната цел на аргентинската рекламна агенција „Ogilvy“.

Како што напишаа и колегите од СпортКикс, така и ние се надеваме дека некогаш овај спорт навистина ќе постои и ќе се игра низ пабовите.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар