Кригла Пиво

Подвижен пивски мотел

Vedett MotelГи знаете оние камиони со големи мешалки за цемент? Сте помислиле некогаш дека вакво камионче може да се пренамени во мал подвижен мотел? И тоа не обичен туку пивски мотел!

Vedett Motel e направен за истоименото белгиско пиво Vedett и ќе се користи за најразличните летни настани што ги организира и спонзорира компанијата. Несомнено е дека каде и да биде ќе привлекува внимание со својот изглед. Опремен е со 2 кревети, ТВ, ДВД, клима уред, надворешен туш, тераса, интернет конекција и фрижидер полн со Vedett пиво.

Повеќе слики можете да погледнете на нивниот Flickr профил.

 Vedett Motel

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар