Кригла Пиво

„Плашица пиво фест“ во Охрид

За првпат оваа година од 02.08 до 04.08.2013 ќе се организира пиво фест „Плашица“ на познатата плажа „Немо“. Организаторите ветуваат тридневна летна забава со многу пиво, добра музика и 2,5 тони свежо приготвена риба „Плашица“. Забавите ќе се одржуваат во текот на трите денови од 13 часот се до 21 часот.

„Плашица пиво фест“ во Охрид

На првиот ден од фестивалот ќе се претстави познатата хрватска група „Elemental“ со песните од нивниот нов албум „U redu je“ но и некои од нивните постарите хитови кои им се добро познати на македонските обожаватели. На 02 Август забавата ќе започне со „DJ Ado“, а ќе продолжи со настап на новите македонски рокенрол надежи „Foolish Green“, додека предгрупа на „Elemental“ ќе биде нашиот добро познат бенд „Пеперминт“.

Вториот ден од фестивалот стартува со сет на „DJ Ado“ (resident) и продолжува со музиката на „June“. Во наредните час и половина ќе се претстави тетовскиот реге бенд „Conquering Lion“ по чијшто настап следат ритмичните мелодии на нашите „Суперхикс“.

На 04 Август забавата продолжува со „Game Over“ по кои следуваат битовите на групата „DNK“, а за крај дружењето и забавата на „Плашица пиво фест“ ќе биде заокружено со музичкиот сет на „DJ Slave“.

За сите други информации можете да се информирате на нивниот настан на Facebook: https://www.facebook.com/events/609561442422486

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар