Кригла Пиво

Пивски мафини

Кригла Пиво October 12, 2012 Кригла Храна No Comments on Пивски мафини

Овојпат одбравме навистина лесен десерт за подготовка, што може многу брзо да го запаметете и да го подготвувате секогаш кога ќе имате помал избор на намирници.

Се надеваме дека ќе ни опростите што името на рецептот го адаптиравме вака, избегнувајќи да го наречеме според неговото оригинално англиско име „beer muffins“. Ако имате посоодветен превод за зборот „muffins“, од едноставно „колачиња“, ве молиме да ни пишете подолу во коментар.

Пивски мафини

Потребни состојки:

  • 3 чаши брашно
  • ¼ чаша шеќер
  • 2 чаши пиво (да не биде светло или суво – препорачуваме weissbier доколку најдете)

Начин на подготовка:

Во сад ставете го пивото и полека загревајте го на тивок оган, внимавајќи да не зоврие. Тргнете го садот со топлото пиво и во него ставете го шеќерот и промешајте дури да се растопи, а потоа додадете го брашното и мешајте се додека смесата не стане еднолична.

Намрсете го специјалниот калап за мафини, а рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Полнете ги дупчињата на калапот со смесата до половина, оставајќи простор за тестото да нарасне. Печете околу 30 минути или се додека не добиете златно-жолта боја.

Дозата на смесата е наменета за околу 12 мафини, но тоа најмногу зависи од големината на калапите кои ги имате.

До наредниот интересен пивски рецепт, имајте пријатен викенд и пишете како ви испаднале пивските мафини.

Рецепт и фотографија: yummly.com

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар