Кригла Пиво

Пивски логоа инспирирани од „Game of Thrones“

NightsWatch

Англискиот уметник Rob Stephens дошол на интересна идеја да ги претстави завојуваните страни од популарната серија „Game of Thrones“ преку пивски логоа и своите дизајни ги поставил на корисничката сметка на RedBubble. Сите логоа се достапни за купување на маици кои може да ги прегледате во галеријата подолу. Според дизајнерот веќе има продадено над 150 вакви маици, а трендот на популарноста се повеќе се зголемува.

Освен на маици, логоата се достапни на налепници и iPhone футроли. Ако сте љубители на пиво и на „Game of Thrones“ сигурно посакувате барем една од овие маички 🙂

[nggallery id=14]

Објавено на 14.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар