Кригла Пиво

Пивски колачи со глазура од портокал

Долго време немаме рецепт за десерт и мораме да признаеме дека ни недостигаат слатките задоволства, а највеќе тие во комбинација со пиво. Овојпат одиме со вкусни кекси, односно колачи со пиво и портокал, кои се надеваме дека ќе ги пробате и нема да ве остават рамнодушни.

Пивски колачи со глазура од портокал

Потребни состојки:

За колачите:

700 мл. бело пиво
5 големи лажици мед
170 гр. несолен путер (собна температура)
150 гр. шеќер во прав
1 поголемо јајце
½ мала лажица екстракт од ванила
Рендана кора од портокал
2 мали лажици мелен коријандер
250 гр. сенаменско брашно
½ мала лажица сода бикарбона

За глазурата:

½ мала лажица екстракт од ванила
30 гр. шеќер во прав
1 голема лажица сок од цеден портокал
1 голема лажица полномасно млеко
рендана кора од портокал

Начин на подготовка:

Ставете ги пивото и медот во сад и загревајте на средно силна температура, повремено помешувајќи се додека течноста не почне да се пени, поради зголеменото количество на шеќери. Би требало да ви остане некаде околу половина од течноста што била пред да ја загревате на оган. Оставете да се олади на собна температура.

Додека пивото и медот се ладат, во сад измешајте ги со миксер путерот и шеќерот. Додадете го јајцето и убаво изработете ја смесата. Потоа додадете го екстрактот од ванила, изренданата кора од портокал, коријандерот и пивото со медот. Промешајте ги сите состојки, повторно. Во друг сад измешајте го брашното и содата бикарбона и полека додавајте ја смесата од останатите состојки.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Во плосната тава, ставете алуминиумска фолија и почнете да ги формирате колачите со мерка од една голема лажица. Овде можете да користите и некакви калапи, ако имате желба колачите да бидат во различни форми. Внимавајте да не ги ставате многу блиску колачите, за да имаат место да нараснат. Печете од дваесеттина минути. Откако ќе добијат златно жолта боја, извадете ги од релната и оставете ги да се оладат околу десеттина минути.

Глазурата за колачите ја подготвуваме така што ги мешаме екстрактот од ванила во шеќерот, сокот од портокал со млекото и потоа ја додаваме едната смеса од млеко и сок од портокал во другата смеса со шеќерот и екстрактот од ванила и промешувате добро за да добиете густа паста. Н крај додадете ја изренданата кора од портокал. Со помош на нож земате од глазурата и ја распоредувате по колачите, откако тие ќе бидат оладени.

Рецепт и фотографија: www.foodrepublic.com 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар