Кригла Пиво

Пивска тастатура

Пивска тастатура

Чешката пиварница Staropramen беше спонзор на неодамнешната конференција Webstock 2012 во Романија каде беше креирана оваа пивска тастатура од страна на момците од Robofun Create. Освен 40 големи лименки Staropramen пиво како дугмиња кои треба да бидат притиснати за да се внесе буква, тастатурата е составена од Arduino плоча како микроконтролер со капацитивни контролери и Raspberry Pi мини компјутер кој што ја поврзува тастатурата со телевизор.

Тастатура од лименки пиво

Според групата која што ја креирала тастатурата, таа без проблем може да се поврзе со било кој лап топ или компјутер. Иако јасно е дека не е баш згодна за секојдневна употреба и тешко дека некогаш ќе се најде во продавница за купување. На конференцијата, тастатурата беше употребувана за посетителите да си ја внесат e-mail адресата со која учествуваат на натпревар каде главната награда било патување во Прага. Според информациите, пивската тастатура за брзо исчезнала 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар