Кригла Пиво

Со пиво во борба против настинка

Дојдоа првите снегови и ниските температури, а со тоа e на повидок и вирусот на грип и настинка. Но не грижете се премногу, затоа што ние наидовме на едно истражување со многу добри вести.

Студијата направена од страна на најстарата јапонска пивара тврди дека пиењето пиво е добро за вас и вашите деца. Чекај, чекај – немојте да им давате на децата да пијат пиво дури да наполнат 18 години! Читајте подолу…

Состојка во пивото која помага против настинка

Имено, хмељот, една од трите основни состојки на пивото, заедно со водата и јачменот, содржи хемиска состојка наречена „humulone“, која може да му помогне на човечкото тело да се бори против вирусите причинители на настинка кај возрасните. Истите вируси можат да предизвикаат бронхитис или пневмонија кај децата. Вакцина против овие болести сè уште не е пронајдена, а истражувањето на јапонскиот пиварски гигант Sapporo вели дека пивото се докажало како единствен начин за лечење на инфекцијата.

Повеќе за извештајот на новинската агенција Agence-France Presse, можете да прочитате овде.

За жал една чаша пиво не содржи доволно „humulone“ за да би имало било каков ефект – вели Jun Fuchimoto, истражувач за Sapporo. Ќе ви треба да испиете 30 чаши пиво за да ви помогне да се справите со настинката, но 4.500 калории и премногу алкохол се нешто плус за настинката да ви биде единствен проблем. Sapporo истражува за тоа како би можело состојката „humulone“ да се додаде во храна и безалкохолните пијалоци.

Сепак совет е да не ги запоставувате останатите бенефити на пивото при разумна консумација на истото. Се покажало дека пивото ја зголемува густината на коските, го намалува ризикот од срцеви заболувања, Алцхајмерова болест и други болести на нервниот систем, а протеините во хмељот ја прават вашата коса и кожа посјајни.

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар