Кригла Пиво

Десеттиот Пиволенд во Скопје од 7 до 12 август

Пиволенд, традиционалниот фестивал на пивото во Скопје оваа година ќе се одржи малку порано за разлика од претходните години.

Пиволенд 2017
Јубилејното десетто издание ќе се случува од 7 до 12 август на добро познатата локација, Скопско Кале. Во овој период главниот град на Македонија ќе биде центар на европската фудбалска јавност поради одржувањето на Супер Куп натпреварот помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид за кој што се очекуваат голем број на туристи и навивачи на овие два клуба како од Англија и Шпанија така и од други држави.

Организаторите наскоро најавуваат повеќе информации за музичката програма како и за пиварите кои што ќе имаат свои штандови. За сите новости, следете го официјалниот Facebook event: www.facebook.com/events/1257276281047820

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар