Кригла Пиво

Пиволенд 2011

Пиволенд 2011Иако официјалната веб страна им е се уште во изградба, организаторите на Пиволенд на Facebook страната почнаа да ги објавуваат првите детали и учесници за оваа година. Пиволенд 2011 ќе се одржи од 31-ви Август до 4-ти Септември на паркингот пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Првите 3 години овај фестивал на пивото се одржуваше на Кале.

Новата локација се очекува да биде специјално уредена за овај настан, а според организаторите се очекуваат околу 50 бендови, артисти и диџеи, повеќе од 50 домашни и странски видови пиво, штандови со разновидна храна, игротека за возрасни, филмски проекции, ракотворби, социјални кампањи, наградни игри и сл.

Од музичките изведувачи на Пиволенд 2011 се очекува да настапат:

  • Ритам Нереда (Србија)
  • Хладно Пиво (Хрватска)
  • Кирил Џајковски (Македонија)
  • Roni Size (Велика Британија)
  • Lollobrigida (Хрватска)
  • Belfast Food (Хрватска)
  • Фолтин (Македонија)
  • Есма Реџепова (Македонија)
  • Мањифико (Словенија)
  • Gillespie (Косово)
  • Летечки Пекинезери (Македонија)
  • Screaming For Change (Македонија)
  • Hypnotized (Србија)
  • High Control (Македонија)
  • Јура Стублиќ и Филм (Хрватска)
  • Darkwood Dub (Србија)
  • Синтезис (Македонија)
  • Љубојна (Македонија)
  • Калап (Македонија)
  • Pink Floyd Project Macedonia
  • Rage Against The Machine Real Tribute
  • Red Hot Chili Peppers Real Tribute
  • Azra Tribute

Листата ќе се апдејтира како ќе се дознаваат другите имиња. Распоредот по денови и саатницата не се сеуште познати.

Што очекувате од годинешниов Пиволенд? Дали ви се допаѓа новата локација и музичкиот избор?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар