Кригла Пиво

Пиволенд по деветти пат во Скопје

Пиволенд по деветти пат во Скопје

Од 31 август до 4 септември во Скопје по деветти пат ќе се одржи „Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд“. Локацијата традиционално е на скопското Кале. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси како и во над 100 музички настапи на три фестивалски бини.

Од организацијата ветуваат пет дена забава, добра музика и многу пиво, како и голем број забавни активности кои ќе придонесат за подобра фестивалска атмосфера.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар