Кригла Пиво

Пиволенд 2016 – Петдневен пивски маратон во Скопје

Од среда па се до недела, посетителите на Скопското Кале ќе дегустираат пиво и гурмански мезиња, ќе слушаат добра музика и ќе уживаат во голем број атракции кои ги нуди Пиволенд 2016.

Пиволенд 2016 - Петдневен пивски маратон во Скопје

Голем избор на пива од различни страни на светот ќе може да се купат на 20-те пивски штандови на фестивалот, како и скара, грицки и мезиња. Официјално фестивалските врати ќе бидат отворени утре од 18:00 за сите посетители, а влезот и оваа година е бесплатен.

Pivolend_2016_pivari

Музичката програма ќе биде поделена на три бини на Кале, како и една во Пивница „Стар Град“. Покрај главната бина, ќе може да слушате добра андерграунд музика на Бла Бла стејџот и на Електро Денс стејџот.
За доброто расположение задолжени ќе бидат: Рибља Чорба, Влатко Илиевски, Дани, Нокаут, Тамара, Министарке, Фолтин, Ефто Пупиновски, Тијана, Флукс, Јаков Дренковски, Чил Плеј, Тотално опуштање, Дј Славе и многу други.

Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“: Кендо, мечување, стрелаштво, а ќе има и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни. За оние кои сакаат да експериментираат со вкусовите, ќе има штанд со пивски коктели, а од пиварите велат дека секојдневно ќе има акциски промоции на одредени продукти.
На фестивалот ќе се престави и првата микро пиварница во Македонија – „Темов“.

Ги советуваме сите кои сакаат да дегустираат пиво, да не возат туку да користат градски и јавен превоз.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар