Кригла Пиво

Пиволенд 2015 од 2 до 6 септември на Кале

Традицијата продолжува, Скопје уште еднаш ќе има можност пет дена да го живее духот на Пиволенд.

Најава за Пиволенд 2015

Оваа година по осми пат во Скопје ќе се одржи Гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд. Од втори до шести септември посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 30 пивски брендови, како и деликатесни гурмански специјалитети кои одлично одат со пиво. 5 дена забава, дегустација на пиво и музика која ќе ги задоволи сите вкусови.

Како и претходните години фестивалот ќе се одржи на Скопското Кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера. Фестивалот е во организација на „Темов“ и град Скопје, a повеќе детали околу настапувачите ќе имате можност да дознаете во наредниот период.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар