Кригла Пиво

Пиволенд 2013 повторно на Кале

Елементал на Пиволенд 2012

На голема радост на сите љубители на пивото, фестивалите и добрата музика, Пиволенд оваа година повторно се враќа на старата локација, скопското Кале. Шестото издание на Пиволенд ќе се одржи од 11 до 15 септември, а засега потврдени музички имиња се: Едо Мајка, Електрични Оргазам и Постолар Трипер. Освен нив се најавуваат уште триесетина други изведувачи кои ќе бидат објавени во следните денови. Програмата ќе се изведува на три стејџа со различен тип на музика: главен стејџ, ДЈ стејџ и сцена со кавер бендови.

Влезот како и претходните години ќе биде слободен, а освен избор на пиво ќе има и простор за храна и грицки со штандови на десетина македонски ресторани.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар