Кригла Пиво

Пиволенд 2012

Скопскиот фестивал на пивото Пиволенд, е повторно подготвен да ги отвори вратите за своето масовно фестивалско жителство, со нови забавни искушенија. Годинава, петтото по ред манифестирање на 60-часовните фестивалските обреди во чест на најстариот пијалок, ќе се одржи од 29-ти август до 2-ри септември. Локацијата на одржување е просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, за кој веќе е осмислено комплетното ново уредување и декорирање за оваа манифестација.

Покрај традиционално големиот избор на различни видови пиво, разновидната гурманска понуда, општествено одговорните кампањи, наградните игри, игротеката за возрасни и ракотворбите, Пиволенд и годинава оди чекор понатаму и постојано поместувајќи ги погоре границите на својот максимум, подготви низа нови забавни атракции за кои наскоро ќе го имаме задоволството да ги откриеме. На фестивалските бини, за време на петте Пиволенд вечери нè очекува програмата со квалитетни и препознатливи музички имиња кои ќе бидат задолжени за најдоброто расположение на сите посетители, пиваџии, гурмани, фанови, воајери и журкаџии.

Првиот фестивалски ден, главната бина на Пиволенд ќе го пречека легендарното рок име и регионалната ѕвезда, Бајага и Инструктори. Од другите изведувачи познато е дека хрватскиот бенд Елементал ќе настапат на 1-ви септември. Влезот на фестивалот, како и секоја година е бесплатен за сите посетители, а наскоро очекувајте ги останатите детали од годинашната богата програма на Пиволенд. Во меѓувреме погледнете ја фото репортажата од минатата година: Пиволенд 2011

Надополнување 10.08.2012: Рамбо Амадеус, годинешниот претставник на Црна Гора на Евровизија ќе свири на Пиволенд на 31-ви август.
Надополнување 14.08.2012: Нови имиња: Нокаут (Македонија), Baildsa (Грција) и Drum’n’Zez (Србија)
Надополнување 20.08.2012: Ска бендот Процес од Ниш, Србија ќе настапува на 31-ви август

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар