Кригла Пиво

Пиволенд 2011

Пиволенд 2011 што по 4-ти пат се одржа во Скопје беше последниот од трите летни фестивали на пивото во Македонија. Главното обележје беше промената на локацијата, од Кале на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. На овој начин имаше подобра поставеност и поголема прегледност на различните штандови, многу помалку прашина и поголема присутност на повозрасна публика. Од друга страна се чини дека Калето е незаменливо за ваквите настани. Има многу поголем простор за одмарање, не се создаваат турканици за одење во ВЦ, се наоѓа во центарот на Скопје и општо има подобар амбиент.

На самиот Пиволенд се чини дека имаше помал избор на пива отколку што беше најавувано претходно. Како по обичај најголеми беа штандовите на главниот спонзор Скопско, а веднаш после нив на Златен Даб. Чаша Скопско, Златен Даб и Лашко светло беше по 70 денари, Лашко темно 80 денари, Paulaner и Murphy’s по 100 денари итн. На Пиволендот своевидна промоција имаше бугарското пиво Каменица со вкус на лимон кое што чинеше 100 денари за лименка од 0,5 л. и од кое бевме позитивно изненадени од неговиот освежувачки вкус. Особено го препорачуваме после конзумирање на поголеми количини пиво 🙂

На главната музичка сцена продефилираа доста познати музички имиња од Македонија и Балканот иако се чини дека нашата публика е желна да види и познати светски музичари на ваквите фестивали. Таков изведувач требаше да биде Roni Size кој во последен миг го откажал настапот заради учество на хуманитарен турнир. Дел од настапите можете да погледнете во галеријата што е прикачена во постов.

Вашите мислење за Пиволенд 2011 ги очекуваме во коментарите подолу.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

Додади нов коментар