Кригла Пиво

Пивофест 2014: Бесплатно пиво и бесплатни возови

Гратис пиво на Пивофест

Пакомак и оваа година ќе биде присутен на фестивалот на пивото во Прилеп кој ќе се одржи овој викенд со цел да влијае врз свеста на посетителите за зачување на околината. За 7 празни пластични чаши или за 3 стаклени пивски шишиња кои ќе бидат донесени на нивниот штанд добивате купон за гратис точено пиво: Златен Даб, Скопско или Каменица.

Сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со возовите на Македонски Железници со бесплатен билет. Сѐ што треба да направат е на благајната да ја покажат нивната лична карта и со тоа ќе добијат гратис билет. Вонредни возови нема да има, а редовните линии за Прилеп ги имате подолу:

Редовен возен ред за Прилеп

Кога сме кај бесплатните работи, како и секоја година бесплатно можете да кампувате во Паркот на револуцијата (Могила). Организаторите најавуваат и бесплатна чорба и бесплатно кафе наутро за сите кампери 🙂

Погледнете го и видеото од подготовките во Прилеп:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар