Кригла Пиво

Пивофест 2011

Во периодот од 14 до 17 Јули се одржа традиционалниот 9-ти по ред Фестивал на пивото-Пивофест во Прилеп. Четири дена градот под Марковите Кули беше центарот на Македонија со голем број на гости кои уживаа во ладно пиво, добра скара и разновидна музичка програма.

 

 

 

Според организаторите, во текот на 4-те денови беа поставени нови рекорди односно имало вкупно 340.000 гости, се испиле 248 тони пиво и се изеле 119 тони скара. Избројани биле околу 50.000 автомобили од цела Македонија, но и од соседните земји.

Од понудата на пива ги издвојуваме: Paulaner, Murphy’s, Beck’s, Lasko, Amstel, Staropramen, Kamenitza, Jelen Pivo, Niksicko…како и нашите Златен Даб, Скопско, Крали Марко и Горско.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во музичкиот дел настапија голем број на познати имиња од Македонија и соседството: Суперхикс, Фолтин, Joke, Red Five Point Star, Ван Гог, Crossroad Blues Band, Благица Павловска, Гоце Арнаудов, Харис Џиновиќ, Ламбе Алабаковски, Здравко Чолиќ и многу други. Освен главната сцена имаше и помала бина со DJ-програма, а музика во живо од сите жанрови имаше во локалните кафулиња и дискотеки како и на дел од штандовите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Понудата на пиво беше воглавно стандардна како и секоја година, нешто на што организаторите треба да поработат за да привлечат повеќе различни брендови на пива што ќе сакаат да се претстават. Маркетингот на фестивалот е слаба страна и во најбрз можен рок организаторите треба да преземат нешто и во однос на тоа. Дружењето и забавувањето помеѓу луѓето се најголемите придобивки од ваквите настани.

За следната година кога ќе се одбележува јубилејното 10-то издание на Пиво Фест се најавуваат многу новини и изненадувања како и светски познати музички ѕвезди. Да се надеваме дека овај пат најавите ќе се остварат и фестивалот ќе продолжи да расти од година во година.

Погледнете ја галеријата од настапот на Ван Гог на нивниот официјален веб-сајт.

Се гледаме на Охридскиот Пивофест

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

Додади нов коментар