Кригла Пиво

Пиво во лименка

Кригла Пиво November 1, 2011 Кригла Пиво 3 Comments on Пиво во лименка

Во еден свој текст PSFK.com пишува за зголемувањето на интересот за пиво во лименки во САД, наспроти досегашниот тренд кај Американците да произведуваат и да купуваат претежно пиво во стаклена амбалажа. Веќе е познато дека во Велика Британија но и во скоро цела Европа лименката е најпопуларната амбалажа при купување на пиво од продавниците. Како дел од причините зошто лименките се доста популарни може да се набројат:

  • Металната амбалажа подобро го задржува вистинскиот вкус на пивото
  • Има помалку празен простор (воздух) отколку во шишето
  • Трошоците за транспорт се помали бидејќи пакувањето е полесно
  • Поприкладно и полесно е за носење
  • Дизајнот на лименките е попривлечен отколку на шишињата

Што се однесува до Македонија, ситуацијата е поразлична поради недостатокот на домашни пива кои се нудат во лименки. Моментално од 5-те брендови на пиво: Скопско, Горско, Златен Даб, Крали Марко и Мајсторско само првото се нуди во лименки од 0,33 и 0,5 л. За големи лименки од 1 л. како таа на сликата од Paulaner не станува ни збор. Од увезените пива, повеќето ги има во лименки во сите поголеми маркети. Не располагаме со информации од пазарот колкав е интересот кај потрошувачите за ваквото пакување, дали слабиот интерес е причината само Скопско да се полни во лименки, повисоката цена за ваквата технологија или нешто сосема трето. Од она што може да се забележи кај младата популација е дека сакаат да купуваат пиво во лименки секогаш кога имаат можност за тоа, што беше очигледно на годинешниот Пиволенд во Скопје, но и сличните пивски и музички манифестации низ цела Македонија.

Пред околу 3 недели им испративме e-mail на Прилепска Пиварница со прашање зошто не полнат ниедно пиво во лименка и дали имаат во план да го променат тоа во скора иднина, но одговор не добивме. Останува да се надеваме дека наскоро ќе можеме да уживаме барем во уште едно домашно пиво кое ќе биде достапно во ваква амбалажа.

Во коментари ги очекуваме вашите мислења, дали повеќе сакате пиво во шише или лименка? Кригла не е опција бидејќи е на прво место 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

3 коментари

  1. Cvetko November 1, 2011 во 12:08 pm

    Дефинитивно ЛИМЕНКА…

  2. dame November 1, 2011 во 1:05 pm

    Uh tezok izbor, ali sepak mislam deka limenka si e limenka 😀

Додади нов коментар