Кригла Пиво

Чешко пиво кое содржи вистинско злато

Пиварница од чешкиот град Острава произведе светликав пијалок кој содржи 0.018 грама злато во секое шише (појаснување, се работи за злато за јадење). Пивото е наречено „Ре“ по египетскиот бог на сонцето, се полни во шишиња за шампањ и нема да може да се купи во слободна продажба туку само по нарачка. 18 месеци било производството на „златниот лагер“ и досега се произведени само 500 шишиња. Според производителот „златото е инертен метал кој нема никаков вкус, но има импресивен ефект и може добро да влијае на здравјето“.

Според нас, само начин да се привлече внимание кај побогатата класа и да им се наплати поскапо пиво кое ќе го консумираат само одреден број на луѓе. Ние не би платиле за вакво нешто, а вие?

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар