Кригла Пиво

Дали може да се очекува пиво со марихуана во Колорадо?

Минатиот вторник заедно со претседателските избори во САД, во неколку сојузни држави се гласаше и за повеќе други предлози и закони. Меѓу другото, во Колорадо беше изгласан Амандманот 64 со кој се легализира поседувањето, одгледувањето и продажбата на марихуана за полнолетните лица. Дали ова значи дека може да очекуваме во Колорадо легално да почне да се произведува пиво со марихуана?

Дали може да се очекува пиво со марихуана во Колорадо?

За комерцијалните пиварници е јасно дека се веднаш исклучени од игра и немаат такви планови поради тоа што нивната работа е регулирана со законите на федералната влада каде што користењето на марихуана е забрането и нелегално. Додека на спротивната страна, луѓето што дома си припремаат свое пиво и досега илегално користеле марихуана во подготовките на некои пива. Дури и на интернет можат да се најдат вакви рецепти кои вклучуваат користење на марихуаната како состојка во пивото. Засега не е разгледувано прашањето во некоја од асоцијациите, но се очекуваат во иднина повеќе дискусии бидејќи легализирањето се случи пред само една недела.

Иако хмелот и марихуаната се од иста фамилија, тие се многу различни поради што е многу тешко да се искомбинираат заедно и да дадат добар вкус. Еден од оние што пробале пиво во кое има THC, Gary Glass директор на американската асоцијација на домашни пиво производители вели дека не му се допаднало тоа пиво и како друга негативност ја наведува тоа што марихуаната како состојка е скапа. Но, сепак со секојдневните иновации и подобрувања има голем простор за развој на ваквите пива и создавање на целосно нов вкус во иднина. Се разбира, ваквите пива би биле тешко достапни за купување бидејќи би се правеле само за домашна употреба и би можело да се најдат само во државите каде што е легализиран канабисот како Колорадо.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар