Кригла Пиво

Пиво од iPad

Пиво од iPad

Во своите маркетинг кампањи досега Apple прикажа доста иновативни работи за тоа како може да се користи iPad таблетот. Но, што би рекле за апликација која може да точи пиво? Магија? Сепак, само добро извежбан трик кој ќе ги насмее посетителите и ќе изнуди насмевка кај гледачите.

Видеото е снимано во светски познатата пивница „Hofbraeuhaus“ во Минхен. Изведбата е на германскиот магионичар Simon Pierro, кој има снимано повеќе трикови со iPad и според онлајн портфолиото лесно е да се заклучи кој ги финансира неговите видео клипови 🙂

Објавено на 27.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар