Кригла Пиво

Пиво кое не замрзнува

Поларните експедиции и луѓето што обожаваат да престојуваат на места со многу ниски температури можат да здивнат. Една мала пивара од Саутемптон конечно произведе пиво кое не замрзнува ни на минус 90 степени Целзиусови. Pole-Axed е специјално произведено пиво по барање на инженерите и научниците кои работат на Антарктикот на Јужниот пол, најладното место на Земјата. Пивото е спремно да ги издржи екстремно ниските температури без да изгуби од својот вкус патувајќи 10.000 милји во специјално вакумирани пластични шишиња.

Пиво кое не замрзнува

Pole-Axed е произведено во пиварницата Platform Tavern по рецепт стар над 200 години кој користи увезен хмел од САД кој му дава овошен вкус на пивото. Подготовката и производството трае 10 часови по што се остава да ферментира цел месец. Тестирањата се покажале како успешни и научниците кои го пробале се задоволни од неговиот квалитет. Ако ништо друго, после напорните истражувања заслужуваат да наздрават со добро пиво.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар