Кригла Пиво

Пиво Фест во Прилеп е избран за најдобар туристички настан во 2012

Прилепскиот фестивал на пивото Пиво Фест е избран за најдобар туристички настан во Македонија за 2012 година според Министерството за економија.

Наградите се доделуваат како дел од проектот „Најуспешни меѓу успешните“ по повод 27 септември, Светскиот ден на туризмот. Наградите беа врачени од страна на министерот за економија, Ваљон Сараќини на најуспешните „инкаминг“ туристички агенции, хотелиери и туристички настани што ја одбележаа годината.

Задоволство е да се биде број 1 манифестација и да се прими наградата. Голема е сатисфакцијата, особено по јубилејот – десет години да се биде супер бренд. Голема благодарност до тимот кој го развиваше фестивалот и до пиварниците и угостителите присутни на Пиво фест, но и до прилепчани кои се покажаа добри домаќини – изјави градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.

Министерот за економија Ваљон Сараќини при доделувањето на плакетата имаше само пофални зборови за организацијата:

Им препорачувам на останатите градоначалници да го следат примерот на градоначалникот Ристески. Пиво фест е одличен настан, на кој доаѓаат и странски туристи. Стана традиционален и луѓето специјално доаѓаат за него – изјави Сараќини.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар