Кригла Пиво

Јубилеен 15-ти Пиво Фест во Белград

Од 16-ти до 20-ти август на традиционалната локација Ушче ќе се одржи јубилејното 15-то издание на пивскиот фестивал во Белград каде што се очекуваат повеќе од половина милион посетители. На отворањето на фестивалот ќе настапи електро составот Asian Dub Foundation од Велика Британија кои што важат за група која што негува микс на повеќе музички стилови.


Пиво Фест 2017 во Белград
Од другите музички бендови досега најавена е само домашната група Riblje Čorbe, a промо лице на фестивалот ќе биде актерката Dragana Mićalović. Оваа година ќе биде организирана и првата меѓународна размена на пивски сувенири, а сите посетители ќе можат да ги видат некои од најинтересните пивски колекции.

Наскоро очекуваме и повеќе информации како за пивата кои што ќе бидат присутни на фестивалот така и за музичката програма.

Извор: Belgradebeerfest.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар