Кригла Пиво

Пиварата Hahn ги решава сите ваши проблеми поврзани со пивото

Гостински пост на Ива Дујак

Австралиската пивара Hahn постојано пронаоѓа интересни начини да ги промовира своите пива. Додека минатата година тие ни покажаа колку процесот на производство на нивото пиво е навистина креативен преку кампањата „Pioneering Beering“, оваа година тие одлучија да престанат да се фалат, и да се свртат кон нивните потрошувачи. Наместо директно промовирање на своите пива, тие одлучија да ги решат проблемите кои нивните потрошувачи ги имаат додека пијат пиво. А проблеми нема малку.

Почнувајќи од трагичната загуба кога пиете пиво од кригла во дискотека, истурање на пивото при турканица, па се до ужасниот момент кога подметачот се лепи на шишето од кое пиете. Hahn ги издвои најголемите потешкотии со кои се среќаваат пивопијците, а тимот од двајца ретро научници Howie и Binkers од Hahn академијата вешто ги решија.

Решенијата кои ги изнајдоа овие два големи ума е навистина тешко да се објаснат, најдобро е самите да ги погледнете во видеата подолу. Доколку вкусот на пивата на Hahn е добар барем колку половина од креативноста на нивните маркетинг кампањи, тогаш овие пива дефинитивно мора да се пробаат 🙂

Hahn – Spill-Proof Beer

Hahn – Non-Stick Beer Mat

Hahn – Beer and Snack in One

Hahn – Beer Identification

Hahn – Keeping Beer Cold

Автор: Ива Дујак е 26 годишен вљубеник во маркетингот во сите негови форми. Основач на This is Not a Social Media Blog, раководител на маркетинг секторот во 4Ward, маркетинг менаџер на Theatra, а од неодамна и дел од тимот на Skopje Casual. Повеќе инфо на twitter.com/notsocialmedia или http://mk.linkedin.com/in/ivadujak

Објавено на 26.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар