Кригла Пиво

Пилешко во кремаст сос со печурки

Мислејќи за што вкусно ќе пишуваме оваа недела, се сетивме дека одамна немаме понудено кремаста или сос комбинација на јадење. Ова јадење е идеално за семеен викенд ручек, токму поради тоа што не содржи премногу пиво и може да го јадат и најмалите. Се надеваме дека ќе ви се допадне.

Пилешко во кремаст сос со печурки и пиво

Потребни состојки:

  • 4 парчиња пилешки стек (или месо од копан и надкопан)
  • 1 мала лажица сол
  • 1 мала лажица бибер
  • 3 мали лажици путер
  • ¼ чаша сечкан кромид
  • 3 чешниња лук
  • 150 грама свежи печурки
  • ½ чаша пиво
  • ½ чаша неутрална хопла
  • 1/3 чаша пармезан

Начин на подготовка:

Стопете го путерот во тава, на средно-силна температура. Исецкајте ги пилешкото на поголеми парчиња и посолете со сол и бибер од сите страни. Додадете ги парчињата месо во тавата и гответе додека добро не се испржат. Тргнете го пилешкото од тавата.

Пропржете го кромидот додека не омекне. Додадете го исецканиот лук и печурките на тркалца и гответе додека да омекнат и потемнат. Ставете го пивото, постојано промешувајќи и внимавајќи да не ви загори смесата. Додадете пола од кашкавалот и промешајте дури да се стопи. Потоа додадете го останатиот дел од кашкавалот и промешајте. Додадете го пилешкото и дозволете да се готви додека сосот не се згусне. Додадете сол и бибер по вкус.

На крај сервирајте го месото со сосот врз ориз или тестенина и се разбира придружено со добро ладно пиво.

Рецепт и фотографија: thebeeroness.com 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар