Кригла Пиво

Пилешки копани во пиво

Пилешки копани во пиво – гостински рецепт на Теа Трповска:

Пилешки копани во пиво

Потребно е:

  • 6 пилешки копани
  • Сол
  • Црвен пипер
  • Мајчина душичка
  • Малку масло
  • 2 чешниња лук
  • 500-700 мл светло пиво

 

Подготовка: Пилешките копани ставете ги во длабок сад. Зачинете ги со сол, црвен пипер и мајчина душичка, колку да бидат покриени од сите страни. Попрскајте ги малку со масло за да се залепат зачините. Земете едно длабоко тавче за пржење и ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло, ставете ги да се пропржат копаните, убаво, од сите страни, за да фатат малку боја. Потоа, ставете ги целите чешниња лук (тие се само за вкус) и прелијте со пиво. Намалете ја ринглата на тивко и оставете да се крчкаат копаните во пивото околу 25 до 30 минути, во зависност од нивната големина. Потоа, копаните треба да бидат меки. Извадете ги од тавчето и засилете ја ринглата за да се редуцира течноста и да се создаде густ сос од пивото. Сервирајте со пржени или печени компирчиња.

Пилешки копани во пиво

Автор: Теа Трповска е иден правник, вљубеник во кулинарството и уредник на блогот Часови по готвење. Можете да ја следите на Твитер и да уживате во рецептите што ви ги подготвува на нејзиниот блог.

Објавено на 16.02.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар