Кригла Пиво

Пица тесто со пиво

Најверојатно имате пробано да направите домашна пица и без разлика дали сте купувале полуготово тесто или сами сте го подготвувале истото, вкусот не бил ист како оној во пица рестораните. Сите пица мајстори си имаат своја тајна за приготвување на пица тестото, а ние ја имаме тајната за подготвување на домашно пица тесто со пиво. Пробајте и споделете дали ви се допаѓа овој малку поинаков рецепт.

Тесто за пица

Потребни состојки:

  • 3 чаши брашно (чаша=230мл.)
  • 1 голема лажица прашок за пециво
  • ½ мала лажица сол
  • 350 мл. светло пиво (собна температура)
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Полека истурајте го пивото во садот и мешајте ја лепливата смеса.

Растурете брашно по работната површина и истурете го тестото врз него. Покријте ја целата површина на тестото со брашно за да не ви се залепи за работната површина, размесете го и формирајте топка.

Доколку планирате да направите две помали пици, тогаш поделете го тестото топка на два дела, во спротивно расукајте ја топката со сукало додека формирате соодветна дебелина и големина на пицата, по ваш вкус.

Намрсете ја тавата со маслиново масло и загрејте ја рерната на 220 степени. Ставете го тестото во тавата и ставете ги вашите омилени состојки врз пицата, не заборавајќи ја основата – доматен сос.

Печете околу петнаесеттина минути, дури да добиете златно жолта боја одозгора. Со пицата не заборавајте кригла или две светло пиво 🙂

Рецепт: www.food.com, фотографија: nummykitchen.blogspot.com.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар