Кригла Пиво

Петок 13 – пивофестовски страшен

За сите кои бевте, сите кои сакавте да одите, а не стигнавте и за сите на кои ни на крај памет не им текнало дека би можеле да идат на овогодинешниот Пивофест… накратко, моите импресии од првото посетување на овој фестивал.

Постанувајќи традиција која трае веќе 10 години, прилепскиот Пивофест станува зачестено споменуван настан, посетуван повеќе поради изведувачите отколку за пивото. Моето неоправдано прво, се надевам не и последно појавување на ваков настан, се должи пред се’ на љубовта кон пивото и можноста за добра дружба.

Неколку клучни моменти поврзани со настанот, кои мора да бидат споменати се следниве:

  • Пивото беше со разумни цени, почнувајќи од 40 денари за наши, македонски пива, па нагоре, за други наши и странски пива
  • Јадењето беше претежно скараџиско, исто со разумни цени, но со не така врвен квалитет
  • Имало бесплатни грицки насекаде, за кои јас не бев информирана на време 🙁
  • Програмата беше таа што беше најавена, со мали дополнувања, но без откажувања на изведувачите
  • Имаше солидно озвучување, добра сцена и голем екран за оние што беа подалеку

Работи што би сакала да бидат поинакви наредната година и многу други по неа:

  • Организаторите и спонзорите можеле да вложат во поставување на канти за отпадоци – скоро и не видов канти за ѓубре
  • Не мора воопшто да се наплаќа користењето на подвижните тоалети, секако многу не би се осмелиле да влезат и да се бесплатни
  • Убаво би било наредната година да има и бесплатен безжичен интернет

Поради тоа што не сум тип што ја прати српската музичка сцена, одлучив кукавички да си заминам во сабота изутрина, после добрата журка со која го пречекавме изгрејсонцето. Сè на сè задоволна и насмеана, здравје, догодина пак 🙂

Како поминавте вие?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Магдалена Јовеска е дипломиран економист на отсек е-бизнис. Практичните и работните ангажмани ги има остварено во полето на интернет маркетинг, едукативен консалтинг и нови медиуми.

Додади нов коментар