Кригла Пиво

Панирани прстени од кромид

Едно од нашите најомилени мезиња со кригла пиво и добро друштво се панираните прстени од кромид или попознати како onion rings. Овој рецепт е малку поинаков од класичните панирани прстени од кромид, токму поради употребата на пивото во смесата за панирање.

Панирани прстени од кромид

Потребни состојки:

  • 2 големи главици кромид
  • 2 чаши сенаменско брашно
  • ½ чаша нишесте
  • 1 голема лажица прашок за пециво
  • ½ голема лажица чили во прав
  • 440 мл. темно пиво (Guinness)
  • 4-6 чаши масло
  • 2 големи лажици сенф
  • 1 мала лажица мед
  • сол

Начин на подготовка:

Наполнете ја тавата со масло за готвење со длабочина околу 3 цм и загрејте на средно висока температура. Во чинијата наредете хартија за да се впие вишокот на масло. Додека маслото се загрева, исчистете ги главиците кромид и исечете ги на тркалца со дебелина од 1 цм. Полека одделете ги прстените, тргајќи ги на страна најмалите прстени и скинатите парчиња.

Во голем сад, помешајте го брашното, нишестето, прашокот за пециво, чилито и солта. Во помал сад, помешајте го пивото, сенфот и медот. Додадете ја смесата од пивото, сенфот и медот во смесата со брашно и зачини и измешајте дури смесата не се соедини. Потопете неколку од прстените од кромид во тестото, внимателно покривајќи ги целосно со смесата, протресете од вишокот тесто и внимателно спуштете ги во тавата за пржење со топлото масло.

Пржете до добивање на златно-жолта боја од двете страни по 2-4 минути, со метална штипка отстранете ги од тавата и правете пауза помеѓу турите на парчиња кромид, за да се дозагрее маслото.

Сервирајте со пиво и уживајте.

Рецепт и фотографија: www.seriouseats.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар