Кригла Пиво

Панирани лигњи во тесто од пиво

Целосното име на рецептов, кое не можевме да го напишеме во насловот е: „Панирани лигњи во тесто од пиво и сос со мајонез, лук и лимон“ – долго е, нели? 🙂

Со оглед дека денес е петок и некои од вас практикуваат посна исхрана, можат да го изостават сосот со мајонез 😉

Панирани лигни во тесто од пиво

Потребни состојки:

  • ½ кг. свежи или замрзнати прстени од лигњи
  • 2  чешниња сецкан лук
  • 1 мала лажица лимонов сок
  • ½ мала лажица сол
  • Бибер по вкус

За тестото за панирање:

  • 2 чаши сенаменско брашно
  • 1 голема лажица масло
  • 1 ½ мала лажица сол
  • ¼ мала лажица црвен пипер
  • 1 чаша ладно пиво

Мајонез со лук и лимон:

  • 1 чаша мајонез
  • 1 чешне ситно исецкан лук
  • сок од ½ лимон
  • 2 големи лажици свежо исецкан босилок

Начин на подготовка:

Внимателно измијте ги лигњите и исушете ги со крпа. Доколку не се исецкани на прстени, исецкајте ги со дебелина од ½ цм. Ставете ги парчињата во поголем сад и додадете го исецканиот лук, лимоновиот сок, солта и биберот и промешајте да се распореди подеднакво. Покријте го садот и ставете го во фрижидер барем 30 минути за да ги поприма аромите.

Во меѓувреме во друг сад измешајте ги состојките за тестото за панирање: 1 чаша од брашното, маслото, солта, црвениот пипер и биберот. Полека додавајте го пивото, мешајќи за да не ви се створат грутки. Покријте го и овој сад и ставете го во фрижидер да отстои 30 минути.

Сосот можете да го направите на два начина: едниот е ситно да го исецкате и истолчите лукот и босилекот и да ги додадете мајонезот и лимоновиот сок или да ги ставите мајонезот, лукот, зачините и лимоновиот сок во блендер или сецко и отпосле да го додадете ситно сецканиот босилек.

Откако парчињата лигњи и тестото за панирање ќе отстојат ги вадите од фрижидер, ги увалкувате прво во остатокот од брашното (1 чаша) и потоа ги потопувате парче по парче во тестото и ги ставате во подлабока тава за пржење или фритеза.  Пржете дури да добијат златно-жолта боја. Ставете ги на хартија за да се упие вишокот масло…и на крај сервирајте ги на лист марула заедно со сосот од мајонез, лук и лимон.

На крај секогаш нашите рецепти ви препорачуваме да ги сервирате со кригла добро пиво.
Добар апетит!

Рецепт и фотографија: www.bettycrocker.com 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар