Кригла Пиво

Американски палачинки

Постојано ги експлоатираме рецептите за јадења или пијалоци кои содржат пиво и можеме да кажеме дека овој е еден од најлесните и најприфатените од јадачите – не сме слушнале некој до сега да не јаде палачинки 🙂

Американски палачинки со пиво

Потребни состојки:

  • 1 чаша сенаменско брашно
  • ¼ чаша бел шеќер
  • ¾ мала лажица прашок за пециво
  • ½ мала лажица сол
  • 1 јајце
  • 1 чаша светло пиво
  • 2 големи лажици путер

Начин на подготовка:

Во голем сад ставете ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта и измешајте. Во смесата додадете го разматеното јајце, пивото и растопениот путер и мешајте додека смесата не се соедини.

Загрејте го тавчето на средна температура и намрсете го со зејтин. Користете ¼ чаша како мерка за палачинките. Кога ќе ја истурите смесата и на површината ќе забележите меурчиња, тогаш е време да ја завртите да се допржи и од другата страна.

Откако палачинките ќе ви бидат готови, време е да го одберете намазот или додатокот со кој ќе го комплетирате овој вкусен десерт, па така ви препорачуваме јаворов сируп (има во подобро снабдените маркети), домашен мед и ореви, чоколаден крем измешан со чоколаден пудинг и бадеми, џем од вишни или јагоди со шлаг пена….ммммм…. им нема крај на предлозите, најдобро одберете сами 😉

Рецепт: allrecipes.com Фотографија: peerthought.me

Надополнување, 08.11.2012: Госпоѓата Соња Лазеска ни испрати прекрасна фотографија на нашата Фејсбук страна од американските палачинки со пиво што таа ги направила, па истата ја споделуваме и со вас во продолжение.

Американски палачинки со пиво

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар