Кригла Пиво

Ozujsko пиво: Реклама за СП 2014

Ozujsko: Реклама за СП 2014

Ožujsko pivo како спонзор на фудбалската репрезентација на Хрватска која ќе настапи на престојното Светско Првенство во Бразил ја претстави рекламата која брзо стана вирална помеѓу фудбалските навивачи. „Došli smo ostaviti trag“ ја истакнува борбеноста и навивачкиот дух кај хрватските фанови кои треба да бидат горди затоа што ќе ја имаат честа да го играат првиот натпревар на првенството против домаќинот Бразил на 12 јуни.

Креативната агенција која стои зад оваа реклама е BBDO Zagreb, а први да ја видат ја имаа честа фановите на Facebook страната на Ожујско пиво каде беше пуштена еден ден пред да оди на ТВ станиците.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар