Кригла Пиво

Откачените дизајни на Brewery Ommegang

Откачените дизајни на Brewery Ommegang

Американската пиварница Ommegang која е во белгиска сопственост и соодветно на тоа произведува белгиски ејл пива, го претставија новиот кул изглед на своите пива кој заслужува да се најде на овие страни. Всушност, променет е целиот корпоративен изглед вклучувајќи и редизајнирано лого и одлично смислена и направена веб страна која препорачуваме да ја посетите.

Дизајнот е на Duffy & Partners, а во голема мера целиот изглед повеќе потсеќа на вински шишиња него ли на пивски. Веќе за некој ден овие пива со нов дизајн ќе можат да се најдат на американскиот пазар и на пазарот на неколку европски држави. Ние немаме таква среќа да ги имаме кај нас, па ни останува единствено да уживаме гледајќи ги на сликиве.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар