Кригла Пиво

Opeth со Imperial Stout пиво

Opeth со Imperial Stout пиво

Шведскиот метал бенд Opeth се приклучи на долгата низа рок и метал бендови кои имаат свое пиво. Во соработка со пиварницата Northern Monk од Лидс, Велика Британија го претставија нивното прво пиво, imperial stout со 9.2% алкохол. Се работи за лимитирана серија од 1700 шишиња по 660мл. а е направено по повод 25 годишнината од постоењето на бендот и заради тоа името на пивото е „XXV Anniversary Imperial Stout“.

За жал пивото ќе може да се купи само во Велика Британија по цена од £12.00.

Извор: Facebook.com/Opeth

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар