Кригла Пиво

Олимпиец се обиде да го турне пивскиот рекорд на 4×400 метри

Nick Symmonds

28-годишниот Nick Symmonds од САД, се обиде, но не успеа да го турне светскиот рекорд во дисциплината „Пивска милја“ односно 4х400 метри при што треба да пие по една лименка пиво на секој круг. За жал тој истрча 5:15 што е за 6 секунди поспоро од рекордот кој е во сопственост на маратонецот Jim Finlayson од Канада. Symmonds кој пред неколку недели на ОИ во Лондон го освои 5-тото место во трката на 800 метри, вели дека сепак не се откажува од својата намера и ќе продолжи напорно да тренира.

Бидејќи 1 милја е 1609 метри, првата лименка мора да се испие на последниот метар од зоната за „транзиција“. Од другите правила би ги споменале тие дека една лименка пиво мора да биде најмалку 355 мл. и со минимум 5% алкохол.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар