Кригла Пиво

Започнува Октоберфест 2013

Денеска во Минхен на Theresienwiese започнува 180-тото издание на најпознатиот пивски фестивал во светот, Октоберфест, кој што ќе трае до 6 октомври. Како што е редот, точно во 12.00 часот ќе биде отворањето на првото пивско буре од страна на градоначалникот на Минхен, Кристијан Уде со традиционалното „O’zapft is“. Ова ќе биде последното отворање на фестивалот за 65-годишниот градоначалник кој нема да се кандидира на локалните избори кои што се закажани за март, 2014 година.

Октоберфест 2013

Да потсетиме дека првиот Октоберфест се одржал во далечната 1810 година во чест на свадбата на баварскиот принц Лудвиг и принцезата Тереза. На почетокот бил само во месец октомври но како деновите на неговото одржување се зголемувале тој се поместувал за крајот на септември.

За време на фестивалот Минхен го посетуваат милиони туристи од целиот свет кои уживаат во убавите девојки, германското пиво и баварските специјалитети. За среќа бројот на инциденти е мал пред се поради големиот број на цивилно обезбедување кое ненаметливо е присутно и цело време ја контролира ситуацијата. На фестивалот се пијат околу 7 милиони кригли од 1 литар, се јадат околу 400.000 колбаси и 650.000 пилиња. Цената на една голема кригла пиво продолжува да расти и оваа година и средната цена е 9.66 евра или 0.3 евра повеќе од минатата година. Казните за тие што ги прекршуваат правилата се доста строги. Ако одлучите да се олесните во некој агол наместо во тоалетите, очекувајте да платите казна од 35 евра.

Во продолжение и првите фотографии од утринава:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар