Кригла Пиво

Започна Октоберфест 2012

Градоначалникот на Минхен, Кристијан УдеСо отворањето на првото пивско буре од страна на градоначалникот на Минхен, Кристијан Уде и традиционалното „O’zapft is“ денеска во 12.00 часот започна најпознатиот пиво фестивал, Октоберфест во Германија. После отворањето кое се случува во шаторот Schottenhamel започнaa со работа и останатите 13 големи и дваесетина помали шатори. И покрај тоа што времето е дождливо во Минхен, веќе има голем број на посетители и медиумите препорачуваа да се избегнува најблиската подземна метро станица поради преголема гужва.

Традиционалната локација останува просторот Theresienwiese, а остануваат и препознатливите белези на фестивалот, баварските костуми, големите кригли од 1 литар и баварските переци. Оваа година се очекува да се послужат над 7 милиони кригли со пиво на 6 милиони гости кои ќе бидат дел од шестнаесетдневниот 179-ти по ред фестивал. Цената на една кригла пиво расти секоја година и просечната цена за оваа година е 9.35 евра што предизвика голем број негативни реакции особено кај домашните гости кои за време на фестивалот ќе собираат потписи за одржување на референдум со кој на пиварниците ќе им се забрани да ја покачуваат цената повеќе од 0.15 евра годишно.

Започна Октоберфест 2012
Фото: AP Photo/Matthias Schrader

За првпат оваа година продавниците со сувенири и некои од пивските шатори ќе прифаќаат мобилно плаќање преку смартфони. Од мобилните апликации кои ги имаат сите информации за фестивалот, за iPhone ја препорачуваме официјалната апликација Oktoberfest.de, додека за корисниците на Андроид најдобар избор им е Wiesn 2012 – Oktoberfest 2012 апликацијата.

За крај пренесуваме и еден интересен инфографик со факти за фестивалот направен од www.ria.ru.

Инфографик со факти за Октоберфест

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

Додади нов коментар