Кригла Пиво

Избран официјалниот постер за Октоберфест 2012

Официјалниот постер на Октоберфест 2012Björn Maier од Минхен е дизајнерот на годинешниот постер за Октоберфест на кој што е прикажано дете-симбол на градот како жонглира со симболите на пивскиот фестивал.

Официјалниот постер за Октоберфест, од 1952 година се одбира на традиционален натпревар помеѓу кандидати од уметничките и дизајнерски училишта кои што се поканети да учествуваат на него. Секој учесник за тоа добива по 500 евра, а победничките три дизајни добиваат и додатни награди.

Првопласираниот постер, односно неговиот дизајнер доби плус 2.750 евра и промоција низ целиот свет со тоа што неговиот дизајн ќе го има на сите брошури, останати печатени материјали, маици, кригли и сличен промотивен материјал. Оваа година втората награда не беше доделена, но затоа имаше двајца добитници на трета награда: Mattea Stahl и Daniela Kohl кои добија плус 750 евра.

Октоберфест 2012 ќе се одржи од 22-ри Септември до 7-ми Октомври на стандардната локација во Минхен.

Третопласираниот постер на Октоберфест 2012

Третопласираниот постер на Октоберфест 2012

Третопласираниот постер на Октоберфест 2012

Третопласираниот постер на Октоберфест 2012

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено на 22.02.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар